
Кинезите го тргнаа Синер и на почесно место го поставија - Ѓоковиќ (ФОТО)
Во кариерата, четири пати го освојуваше овој турнир, лани стигна до финалето, но со оглед на редуцираниот календар претходните сезони, веројатно никој не очекуваше да го види таму. Сепак, Ѓоковиќ ќе патува за Кина, а организаторот на турнирот направи уште еден потег со кој покажа колку е почитуван Србинот во оваа земја.
На првиот постер, објавен пред 20 дена, секако го немаше Ѓоковиќ, а во преден план, односно во центарот, беше актуелниот освојувач на трофејот Јаник Синер.
Откако вчера српскиот ас потврди дека ќе учествува, на средината е поставен токму Новак, а на социјалните мрежи стои пораката: Извинете, моравме некого да додадеме.