
Мбапе за само 13 месеци во Реал го помина Зидан
Со тоа стигна до седум гола во шпанското првенство и вкупно девет на седум меча оваа сезона во сите натпреварувања, а синоќа го помина својот сонародник Зинедин Зидан. За само 13 месеци откако дојде во Реал, Мбапе има 38 лигашки голови, еден повеќе од Зидан кој до таа бројка стигна за пет години во клубот.
Веќе со следниот гол, 26-годишниот Французин ќе ги помине Луис Фиго и Давор Шукер со кои сега е на делба на 42. место, а апсолутен рекордер е Кристијано Роналдо со 311 гола. Од Французите кои играле за Реал, Мбапе сега е на второто место, зад Карим Бензема кој постигна 238 гола.