
Тоа ќе биде журка: Третина од државите на планетата може да учествуваат на СП 2030
Аргентинскиот весник Оле тврди дека ФИФА ја поддржува идејата на јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), бројот на репрезентации да се зголеми од 48 на дури 64 на Мундијалот за пет години. Ако ова се оствари, безмалку третина од државите на планетата ќе имаат своја репрезентација на Светското првенство чии организатори ќе бидат Шпанија, Португалија, Мароко, Аргентина, Парагвај и Уругвај.
Планот е 64. селекции да се поделат во 16 групи со по четири, а пласман во следната фаза да обезбедат најдобрите две од секоја група. Три групи целосно ќе се играат во Јужна Америка, а останатите во Европа и Шпанија. ФИФА веќе го зголеми бројот на учесници за следното Светско првенство, во 2026 година, од 32 на 48 репрезентации.
Македонија има можност да се пласира на Мундијалот идната година, првпат во својата историја, бидејќи веќе е со обезбеден бараж со тоа што се уште е во игра за првото место во квалификациската група, пред решавачките три натпревари, во октомври и ноември.