Конечно, добри вести за Барса - Јамал се враќа за дуелот со Сосиедад

По информациите за повредите на Фермин Лопез и Гави, тренерот на Барселона, Ханси Флик конечно доби и добри вести.

Рехабилитацијата на Ламин Јамал поминува подобро од очекувањата и тој ќе се врати во тимот за неделниот натпревар против Сосиедад. Многу веројатно на тој меч нема да биде дел од стартната постава, но ќе добие минути во второто полувреме, како загревање за она што следува - дуелот со ПСЖ во Лигата на шампионите идната недела.

Јамал сезонава одигра само три од шесте досегашни меча на Барселона, последниот од нив пред репрезентативната пауза, на 31 август против Рајо Ваљекано кога го постигна единствениот гол за својот тим. Интересно е тоа што тој се уште не настапил ниедна минута на натпревар на Барса на домашен терен.