Стартот на натпреварот помеѓу Келн и Ница во Конференциската лига е одложен поради нередите на трибините на стадионот „Ривиера“.

 Навивачите на Ница и Келн почнаа нереди и меѓусебна пресметка. Се фрла предмети, но и пиротехнички средства, по што делегатот реши да го одложи стартот на натпреварот, кој ќе почне во 19:40 часот. 

Еден навивач на Келн падна од горната трибина и засега не се знае неговата состојба. 

Тензиите помеѓу двете навивачки групи се зголемуваа во текот на денот. Дури 15.000 навивачи на Келн пристигнаа во францускиот град за да ги бодрат своите фудбалери. Германците ги почнаа проблемите откако ја вандализираа клупската продавница.