Наместо славење на успехот, хaoс низ улиците на Париз - повредени 23 полицајци! (ВИДЕО)

Прославата на навивачите на ПСЖ по победата над Баерн Минхен се претвори во насилство и нереди низ улиците на Париз.

Според извештаите на француските медиуми, уапсени се 127 лица, а повредени се 23 полицајци.

Нередите во Париз фрлија дамка на победата на ПСЖ кој втора година по ред се пласира во финалето од Лигата на шампионите. Тие се актуелни шампиони и во Бунимпешта ќе ја бранат титулата.

Вчерашните сцени беа слични на оние кои се случуваа по освојувањето на титулата од Лигата на шампионите. Тогаш дури имаше и двајца загинати, подметнати дури 692 пожари, а биле повредени прку 190 луѓе и 500 уапсени.

Судејќи по историјата на однесување на фановите на ПСЖ, се очекуваат нереди и по финалето од Лигата на шампионите во Будимпешта, без разлика дали францускиот клуб ќе победи или ќе загуби.