Ноер полн со комплименти за противникот: Во ПСЖ играат „убијци“

ПСЖ се пласираше во финалето на Лигата на шампионите откако го победи Баерн со вкупен резултат 6-5.

Парижаните го добија првиот натпревар со 5-4, а во синоќешниот реванш во Минхен беше нерешено 1-1. Усман Дембеле постигна гол за Французите, а Хари Кејн за Германците. Мануел Ноер бранеше многу добро за Баерн, а по мечот се осврна на квалитетот на противникот, за разлика од останатите кои зборуваа за судењето.

„Немавме убиствен инстинкт во нападот. Направивме доволно шанси за победа, но немавме моравме да бидеме подобри за да ги победиме. Само погледнете го Париз, тие се едноставно убијци. Постигнаа пет гола во првиот натпревар. Тоа ни требаше денеска. Бевме блиску до финалето, но не можевме да ја завршиме работата“, изјави Ноер.

ПСЖ е актуелен европски шампион и ќе ја брани титулата против Арсенал, кој избори пласман во финалето ден претходно.