Бекам открива што правел Луис Енрике во првата година во ПСЖ!
Дејвид Бекам кој беше дел од ПСЖ и остана во контакт со првите луѓе на францускиот тим, открива интересни работи за Луис Енрике.
„Зборував со претседателот, Насер. Тој ми рече дека во првата година Луис Енрике спиел секоја ноќ во тренинг центарот на клубот, работел на тоа како сака да изгледа тимот, како сака да игра тимот, и кои играчи ги сака. Претседателот рече дека дотогаш не видел такво нешто“, открива Бекам.
По вчерашниот меч, првиот човек на ПСЖ рече дека Луис Енрике е најдобриот тренер во светот.