Голманот на ПСЖ ја исфрлаше топката по десната страна на Баерн - тоа не беше случајно! (ВИДЕО)
Повеќепати се виде дека ја шутна топката и намерно во аут по таа страна, а сето тоа беше дел од тактиката на Луис Енрике.
Кога Баерн изведуваше аут од таа страна, сите фудбалери се префрлаа во тој дел од теренот, па лесно двајца играчи на ПСЖ можеа да го чуваат Олисе и брзо да му ја одземаат топката.
Такво нешто се случи најмалку петпати за време на мечот, Олисе ја губеше топката, Баерн некомфорно ги враќаше топките назад, а ПСЖ можеше високо да притисне.
Луис Енрике комплетно го надигра Компани на овој натпревар, а моментот со Сафонов беше само дел од планот како да се спречи функционалноста на нападите на Баерн.