Гатузо е на чекор до нова работа, има сериозна понуда на маса!
Италијанските медиуми пишуваат дека Торино му нуди договор на Гатузо со трајност до 2028 година со опција за продолжување на уште една сезона.
Се работи за понуда од 1,5 милиони евра годишно плус бонуси.
Оваа сума е еднаква на онаа која Гатузо ја заработуваше во Хајдук, а како селектор имаше малку поголема плата.
Во наредниот период Гатузо треба да одлучи дали ќе ја прифати понудата, со работа би почнал по крајот на оваа сезона.