Вардар сака да ја завери титулата на најсладок начин - против Пелистер!
На Вардар му е потребен бод од овој натпревар, доколку не загубат од Пелистер и официјално ќе се вратат на тронот и ќе ја прекинат доминацијата на зелените.
Пелистерци ќе се борат да победат во „Јане“ и да го одложат славјето на црвено-црните за некое следно коло.
Вардар во денешниот натпревар ќе влезе по исцрпувачкиот натпревар против Монпелје, Пелистер е свеж бидејќи имаше дополнителен одмор. Но, скопскиот тим на крилјата на своите навивачи ќе се обиде да ја оствари целта и со победа да стави круна на сезоната.
Вардарци уште ја чувствуваат болката од минатата сезона кога Пелистер среде Скопје ја освои титулата, па овој меч може да се гледа и како дуел за одмазда.
Најсладок можен начин да се освои титулата е кога таа се заверува против најголемиот ривал, овојпат Вардар сака да го направи тоа.