Жесток одговор на Сан Антонио – ја прегази Минесота со 38 разлика (ВИДЕО)
Тимот од Тексас не смееше да си дозволи уште еден брејк, па од почетокот тргна силно и веќе во втората четвртина имаше предност од 20 разлика. Силното темпо продолжи во вториот дел, Минесота беше буквално прегазена, а водството отиде и до +47 (124-77), па финишот помина апсолутно лабаво, без притисоци на двете страни.
И покрај ефикасната игра, најефикасниот играч на Сан Антонио имаше „само“ 21 поен – Касл, додека Вембанјама заврши со 19 поени и 15 скока. Едвардс, Мекдениелс, Рендл и Шенон ја предводеа Минесота, сите со по 12 поени.
Њујорк Никс максимално го искористи домашниот терен и со 108-102 дојде до предност од 2-0 во серијата со Филаделфија.