Мурињо зборуваше за подарокот од Скот Мектоминеј и ги насмеа сите!

Бенфика синоќа со 2-0 го победи италијанскиот шампион Наполи, па Жозе Мурињо беше расположен за зборување на прес-конференцијата.

Мурињо е тренерот кој му даде вистинска шанса на Мектоминеј во Манчестер Јунајтед и го промовираше на големата фудбалска сцена.

По вчерашниот меч имаше разговорот со фудбалерот на Наполи од кој го доби и дресот.

На прес-конференцијата Мурињо имаше интересна конверзација со еден од новинарите.

„Забележав дека имате торба. Да не е тоа подарок за нас?“, праша новинарот.

„Торбата е моја“, одговори Мурињо.

„Што има во неа“, пак праша новинарот.

„Тоа е дресот на Мектоминеј. Него го ставив таму, за него го седнав Погба на клупа. Најмалку што може да направи е да ми даде дрес“, рече Мурињо и ги насмеа сите.

„Јас му овозможив старт на кариерата, а од таму се беше на него и неговата работа. Скот е Скот, тој е победник“.