Алонсо по поразот од Сити избега во соблекувална - навивачите бараат отказ! (ФОТО)

Шпанскиот гигант Реал Мадрид минува низ резултатска криза, која вечерва беше продлабочена со поразот од Манчестер сити на „Сантијаго Бернабеу“ (1-2) во шестото коло од Лигата на шампиони (ЛШ), па наскоро тренерот Чаби Алонсо би можел да добие отказ.

Пред вечерашното дерби на „Бернабеу“ се шпекулираше дека тоа ќе биде последна шанса за Алонсо да си ја спаси работата, меѓутоа Шпанецот не најде решение за „граѓаните“ и запиша уште еден пораз.

Алонсо по поразот од Сити се поздрави со Пеп Гвардиола и веднаш избега во соблекувалната, а навивачите побараа отказ за младиот стратег.

Реал Мадрид има само две победи во последните осум меча во сите натпреварувања и тоа е неприфатливо за фановите на „кралскиот клуб“.