Пораз за Елмас и Наполи од Бенфика, Манчестер сити го „нокаутира“ Реал (ВИДЕО)
Наполи беше немоќен против разиграната чета на Жозе Мурињо, која до водство стигна во 20. минута преку голот на Ричард Риос.
Бенфика постигна и втор гол, и тоа во 49. минута преку Леандро Бареиро, по што Наполи не успеа да одговори.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас остана сè до 81. минута на теренот, по што беше заменет.
Реал Мадрид тргна со погодок на Родриго во 28. минута, со што Бразилецот ја прекина црната серија која траеше уште од март без постигнат гол.
Радоста на „кралевите“ не траеше долго зашто Нико О’Рајли погоди за 1-1 во 35. минута, а потоа Ерлинг Халанд од пенал стрелаше за целосен пресврт.
Останати резултати:
Атлетик Билбао – ПСЖ 0-0
Баер Леверкузен – Њукасл 2-2
Борусија Дортмунд – Бодо/Глимт 2-2
Клуб Бриж – Арсенал 0-3
Јувентус – Пафос 2-0