Франција и Холандија се последни полуфиналисти на СП за ракометарки
Французинките ја најавија победата уште во првото полувреме со одлична игра со која стигнаа до предност од 17-12 на полувреме. Данска не успеа да го загрози водството на ривалот во вториот дел, па Франција на крајот славеше со 31-26.
Сара Букти со седум голови беше најдобра во составот на Франција, додека Кристина Јоргенсен запиша 10 погодоци за Данска.
Холандија тргна сигурно против Унгарија и го доби првиот дел со 14-9, а во второто полувреме продолжи со доминацијата за на крајот да слави со 28-23. Најефикасна во победничкиот тим беше Дионе Хоусер со седум голови.
Фото: Facebook/Equipes de France de Handball