Виљареал игра во ЛШ, а пред мечот ја пушти химната на Лига Европа (ВИДЕО)

Натпреварот од шестото коло меѓу Виљареал и Копенхаген (2-3) ќе остане запаметен по големиот триумф на аутсајдерот, но и необичната грешка која ја направи домаќинот.

Фудбалерите пред натпреварот застанаа да ја слушнат химната на натпреварувањето, меѓутоа наместо таа на Лигата на шампиони (ЛШ), домаќините ја пуштија химната на Лига Европа.

Неочекуваната грешка предизвика реакции на социјалните мрежи, односно анвивачите на Виљареал не можеа да прифатат како некој направил таков пропуст.