Охрид го декласира Тиквеш, Алкалоид рутински против Прилеп

Ракометарите на Охрид вечерва триумфираа против Тиквеш со 31-19, додека Алкалоид без проблеми го совлада Прилеп со 39-33.

„Гладијаторите“ тргнаа одлично во мечот против Тиквеш и го добија првото полувреме со 17-12, додека во вториот дел кавадарчани постигнаа само седум погодоци, а Охрид успеа дополнително да ја зголеми предноста до убедливи 31-19.

Најефикасен во победничкиот тим беше Лиапис со шест голови, додека Мијушковиќ постигна исто толку погодоци за Тиквеш.

Натпреварот во Прилеп имаше возбудлив почеток, но и многу голови, а домашниот состав успешно се држеше во првиот дел, иако Алкалоид на паузата замина со 19-16.

Екипата од Автокоманда додаде гас во вториот дел и набрзо создаде недостижна предност, по што славеше со 39-33.

Најдобар во составот на Алкалоид беше Мартин Серафимов со седум голови, додека Иван Џонов попстигна пет погодоци.