Штип немоќен против фаворитот: Убедлив триумф на Милано во Радовиш!
Италијанскиот тим влезе одлично во натпреварот и доминираше во првиот сет кој му припадна со 25-12, додека Штип во следните два се обиде да ги поправи грешките и освои повеќе поени, меѓутоа загуби со 14-25 и 20-25.
Најефикасен одбојкар кај Штип УГД беше Стојан Илиев со девет постигнати поени, додека Отсука и Масуловиќ запишаа по 10 поени за МИлано.
Реваншот меѓу Милано и Штип УГД ќе се одигра на 6 јануари од 17.30 часот.
Фото: Одбојкарски клуб "Штип Угд" - Штип