Историска ноќ за Шеј: Израмни рекорд стар 63 години и го реши дербито со Денвер (ВИДЕО)
Победата ја однесе актуелниот МВП, Шеј Гилџес Александер и токму тој ја постигна клучната тројка на мечот, на нешто помалку од три секунди пред крајот. Таа тројка го одвои од Никола Јокиќ иако српскиот ас дојде до нов трипл дабл и потврди дека се наоѓа во одлична форма во овој момент.
Последната минута од мечот во Оклахома Сити беше неверојатна, без сомнение еден од највозбудливите во последно време во НБА лигата и нов, трет триумф на официјалниот шампион против Денвер оваа сезона! Не е лесно да се опише што можеше да се види во во лудата завршница на теренот на актуелниот шампион. Кога домашните навивачи веќе полека почнуваа да ја слават победата на своите миленици (при резултат 123-116), Никола Јокиќ се возбуди, постигна девет поени за израмнување на 126-126, само за Шеј Гилџес Александер да го пронајде вистинскиот одговор на сето тоа и со тројка на 2,7 секунди до крајот донесе голема прослава на Тандер.
Суперѕвездата на Оклахома одигра фантастичен меч, постигна 35 поени, 15 асистенции и девет скока со 66,7% процент на шут од игра. Најважно од се, ова беше 125. натпревар по ред на кој постигна најмалку 20 поени со што го израмни рекордот на Вилт Чембрлен поставен во 1963 година. Јокиќ беше извонреден на другата страна, заврши трип дабл од 32 поена, 14 скока и 13 асистенции, но детали на крајот одлучуваа кој ќе дојде до победата.
Денвер со овој пораз падна на шестата позиција на Западот, а го очекува уште еден тежок натпревар, против Хјустон Рокитс.
РЕЗУЛТАТИ
Кливленд - Филаделфија 115-101
Бруклин - Мемфис 126-115
Оклахома - Денвер 129-126
Јута - Голден Стејт 119-116
ЛА Клиперс - Њујорк 126-118