Алонсо: Имам поддршка од фудбалерите, ќе ги свртиме работите

Реал Мадрид синоќа го загуби натпреварот против Манчестер Сити, но засега нема знаци дека Чаби Алонсо ќе добие отказ како што се пишуваше.

По вчерашниот меч тој изрази задоволство од залагањето на неговите фудбалери и верба дека резултатите ќе дојдат.

„Дали чувствувам поддршка од тимот? Да. Момците се бореа вечерва до крајот, и покрај сите препреки како лоши резултати, повреди... Лошата серија ќе помине, ќе биде минато. Во животот се поминува“, вели Алонсо.

„Треба да бидеме поконстантни без разлика кој е нашиот ривал и дали е тоа Лига на шампионите или некое друго натпреварување“.

„Немам замерки на моите фудбалери за вечерашниот меч, горд сум на нив, се бореа напорно, се испразнија, се обидуваа до самиот крај. Ќе ги свртиме работите, сигурен сум во тоа“.