Мурињо дојде во Подгорица за да гледа Црна Гора – Србија (ФОТО)

Еден од најдобрите светски тренери Жозе Мурињо, менаџерот на англискиот великан Манчестер јунајтед пристигна денеска во Подгорица, каде ќе го гледа вечерашното дерби на Црногорците со Србија од 20.45 часот.

Не беше тајна дека Мурињо ќе дојде во Подгорица за да го следи мечот, но Португалецот без многу помпа и тајно се појави во еден хотел, па брзо беше фатен на дело дека е пристигнат и дека вечерва ќе го следи мечот