Монако лесно ја освои Прага, Малме го шокираше Стивен Џерард

Монако славеше победа од 2-0 на гостувањето кај Спарта Прага во рамки на третото квалификациско коло во Лигата на шампиони, но Глазгов Ренџерс беше поразен скај Малме со 2-1. 

Францускиот тим имаше сигурен настап во Прага и Орелиен Чуамени погоди за 0-1 во 37.минута. Младиот фудбалер на францускиот тим го прослави голот пред ултрасите на чешкиот состав, по што беше „поздравен“ со расистички скандирања. Конечните 0-2 ги постави Кевин Воланд во 59.минута. Кнезовите имаа уште неколку сериозни шанси за да дојдат и до многу поубедлив триумф во Прага. 

Малме беше пред убедлива победа од 2-0 против Глазгов Ренџерс, но шкотскиот тим со гол 95.минута намали на 2-1 и сериозно си ги зголеми шансите за прогрес во плејофот.

Реванш средбите се закажани за следната недела.