Милер е кошмар за Барселона: Никој не ѝ дал толку голови колку Германецот!

Баерн Минхен ја прегази Барселона со 3-0 на „Камп Ноу“ во воведното коло од групната фаза во Лигата на шампиони, а првиот гол на натпреварот го постигна Томас Милер.

Милер на мака на Барселона се запиша во историјата како единствен играч кој постигнал седум голови против каталонскиот гигант во европските натпреварувања, нешто што не му успеало на никој претходно.