Меси: И да не ја освоев „Златната топка“, оваа година беше грандиозна за мене

Лионел Меси вечерва во Париз ја освои „Златната топка“ по шести пат во својата кариера.

За оваа престижна награда Меси зад себе ги остави Вирџил ван Дајк и Кристијано Роналдо, а Португалецот дури не се ни осмели да присуствуваат на церемонијата при доделувањето на наградата.

Аргентинецот им се заблагодари на сите за наградата и потсети дека поминаа 10 години од првата „Златна топка“, иако му делувало како вчера да било.

Сакам да им се заблагодарам на сите новинари кои гласаа за мене и се надевам дека се задоволни на сите континенти. Благодарност до моите соиграчи од репрезентацијата и клупскиот тим. И да победев и да бев поразен оваа година беше грандиозна за мене. Поминаа десет години од мојата прва „Златно топка“, тогаш имав 22 години, и не верував дека ќе ја освојам и шестата. Свесен сум дека годините минуваат и се уште уживам во овие моменти, Ви благодарам и добра ноќ, истакна Меси.