Мбапе: Се плашам од дуели? Носот ми е веќе скршен, не можат да ми го скршат повеќе!

Килијан Мбапе даде интересен одговор на едно новинарско прашање, капитенот на француската репрезентација вели дека не се плаши од дуели.

Мбапе игра со маска откако во првото коло од Европското првенство му го скршија носот. На прес-конференцијата еден новинар го праша дали сега се плаши од физички дуели.

„Дали се плашам од физички дуели? Кога играте со скршен нос, без операција, станувате мета. Тоа не е нова ситуација. Можам да добивам удари, подготвен сум да дадам се за овој дрес. Доколку ми го удрат носот, во ред. Мојот нос е веќе скршен, не може да се скрши повеќе“, рече Мбапе и ги насмеа новинарите.