Мбапе не сака да игра повеќе за Франција поради караница со Дешам

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе не беше повикан за следните натпревари на неговата репрезентација во Лигата на нации, а селекторот Дидие Дешам кажа дека сакал да одмори, иако позади приказната најверојатно се крие нешто друго.

Медиумите пишуваат дека се случила караница меѓу селекторот Дешам и напаѓачот Мбапе, па поради тоа ѕвездата на Реал Мадрид одбила да игра за Франција и најверојатно ќе остане така додека не се реши проблемот кој постои меѓу нив двајца.

Франција во следниот период игра два меча во Лигата на нации, и тоа против Израел и Италија.