Мбапе: Не сакам да играм за држава која не ги претставува моите вредности!

Франција од 21 часот го игра првиот меч на Европското првенство (ЕП), а прв ривал ѝ е Австрија, но пред натпреварот во центар на внимание е Килијан Мбапе.

Мбапе зборуваше за политичката ситуација во Франција и индиректно кажа дека ќе престане да го носи дресот на својата татковина доколку победи десницата на изборите.

„Мислам дека се наоѓаме во важен момент во историјата на нашата земја. Затоа сакам да испратам порака до сите Французи, а посебно кон помладите генерации. Мислам дека може да направиме разлика. Јасно се гледа дека екстремисти се блиску до власта и имаме шанса да го промениме тоа. Не сакам да играм за држава која не ги претставува моите вредности“, кажа Мбапе.