Мбапе е незапирлив - ги симна Меси и Раул од врвот (ФОТО)

Килијан Мбапе постигна хет-трик во мечот против Клуб Бриж, па така се запиша уште еднаш во историјата, откако по 11 години израмни рекорд на Љоренте, кој како замена постигна три гола. Сепак, Французинот урна уште еден рекорд.

Напаѓачот на ПСЖ успеа да стигне до бројката од 15 гола на возраст од 20 години и 306 дена, па така го симна од врвот Лионел Меси, на кој му успеа тоа на 21 година и 288 дена, како и Раул, кој стигна до такво нешто на 22 години и 163 дена.