Мане: Ливерпул може да победи секого, па и Реал Мадрид

Садио Мане истакна дека Ливерпул може да победи било кој противник, па и двократниот европски шампион по ред Реал Мадрид.

Ливерпул се избори за финале со Реал иако загуби во Италија од Рома со 4-2, но помина благодарение на победата дома од 5-2 и ќе се бори за шестиот трофеј во клупската историја во ова натпреварување.

„Доколку сакаш да му парираш на Реал, тогаш мора добро да размислиш за секој нивен играч. Тимот од Мадрид е еден од најдобрите на светот, но ние сме Ливерпул, исто така со силен состав и можеме да победиме било кого. Ќе дадеме сѐ од себе за да славиме во финалето“, изјави Мане.

Финалето во Лигата на шампионите е закажано за на 26 мај, а ќе се игра на Олимпискиот стадион во Киев.