Манчестер сити со сите сили во нападот, Лион почнува (по)резервирано!

Тренерите на Манчестер сити и на Лион на еден час пред почетокот на последниот четвртфинален меч од Ф8-турнирот во Лигата на шампионите (ЛШ) ги отворија картите, односно ги одредија стартните состави со кои ќе се обидат да дојдат до место меѓу најдобрите четири екипи.

Пеп Гвардиола не калкулира, па на теренот во Лисабон излегува со офанзивен тим во кој е и Кевин Де Брујне во нападот, покрај Хесус и Стерлинг. Французите, пак, ќе почнат малку порезервирано, со формација 3-5-2, која „граѓаните“ никако не смеат да ја потценат бидејќи би можело да ги снајде судбината на Јувентус.

Победникот од овој натпревар кој стартува од 21:00 часот во полуфиналето ќе се соочи со Баерн Минхен кој ден претходно ја „размонтира“ Барселона. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат РБ Лајпциг и ПСЖ.

МАНЧЕСТЕР СИТИ (4-3-3): Едерсон; Вокер, Гарсија, Лапорт, Кансело; Фернандињо, Родри, Гундоган; Де Брујне, Хесус, Стерлинг.

ЛИОН (3-5-2): Лопес; Денајер, Марсело, Марсал; Дубоа, Какерет, Гимараеш, Ауар, Корнет; Депај, Токо-Екамби.