Манчестер јунајтед на прв расистички напад во Белград ќе напушти терен!

Англиските медиуми малку пишуваа за фудбал во претходните денови, па главна тема беше расизмот и тие се надеваат дека мечот на Манчестер јунајтед во Белград против бившиот српски првак Партизан ќе помине со слични напади.

Тренерот Оле Гунар Солшер и дефанзивецот Хари Мегваер зборуваа за расизмот, а како повод за тоа го земаа мечот меѓу Бугарија и Англија пред десетина дена во Софија, кога Бугарите ги навреуваа Англичаните.

„По тоа што се случи во Бугарија зборувавме и со екипата. И ние сме запознаени со протколот. Но, верувам во доброто во луѓето и дека атмосферата ќе биде фантастична“, кажа Солшер.

Англиските медиуми пишуваат дека по проколот на УЕФА, Јунајтед има право да го напушти теренот уште при првата навреда на расна основа.

Ова е голем тест за српската екипа, посебно за нивните навивачи, кои според Англичаните ќе извојуваат „победа“ доколку не навредуваат на расна основа.