Мајнц во 95. минута ја урна Фиорентина, виолетовите губат и без Пиоли! (ВИДЕО)
Фиорентина поведе со гол на Сохм во 16. минута од натпреварот. Со тој резултат заврши првото полувреме, па се чинеше дека овојпат приказната ќе биде поинаква.
Италијанскиот клуб ја имаше предноста до 68. минута кога Холербах изедначи на 1-1.
На неколку секунди пред да заврши мечот, во 95. минута Ли Јае Сунг постигна гол за комплетен пресврт и победа на Мајнц од 2-1.
Во овој термин од Конференциската лига беа постигнати следниве резултати: АЕК - Шамрок 1-1, АЕК Ларнака - Абердин 0-0, Целје - Легија 2-1, Купс - Слован Братислава 3-1, Ноа - Сигма Оломуц 1-2, Самсунспор - Хамрун 3-0, Шахтар - Бреидаблик 2-0, Спарта Прага - Раков 0-0.