Луд меч во Базел: Швајцарија до 84. водеше со 3-0 и - не победи! (ВИДЕО)

Селекциите на Норвешка и Шведска во Осло приредија неверојатен натпревар. Но, покуси не останаа ниту на дуелот меѓу Швајцарија и Данска во Базел, каде домаќинот до 85 минута водеше со 3-0, а сепак на крајот не успеа да обезеди триумф.

Натпревар за вистинско уживање, со голови, шанси и неверојатни пресврти приредија Норвешка и Шведска. Домаќинот поведе во првиот дел со голот на Бјорн Јонсен.

Вистинска фудбалска рапсодија се случуваше во второто полувреме кое одново започна во знакот на Норвешка. Џошуа Кинг зголеми на 2-0, а потоа следуваа минутите на Шведска. Најпрвин Виктор Класон намали на 2-1, во 86 минута Роберт Куаисон го израмни на резултатот, а во 91 минута истиот фудбалер донесе комплетен резултатски пресврт. Но, ниту тоа не беше се, Норвешка во 97 минута израмни на 3-3. Ола Камара беше херојот на домаќините, а асистенција забележа вундеркиндот Мартин Одегард.



Селекцијата на Швајцарија не успеа предноста од 3-0 да ја искористи и да освои три бода во дуелот против Данска. Домаќините одлично започнаа со погодокот на Ремо Фреулер, а во вториот дел Гранит Џака зголеми на 2-0. Брел Емболи беше стрелец на третиот гол, а до 85 минута Швајцарците „царуваа“ на теренот. Но, потоа следуваше шок. Најпрвин Матијас Јоргенсен намали на 3-1, Кристијан Гиткајер минута подоцна го постигна вториот гол, а во 93 минут а Хенрик Далгард ги постави конечните 3-3.