Ливерпул четврти клуб во историја со двоцифрен број на финалиња! (ФОТО)

Англиски Ливерпул, кој има шест европски титули во својата историја денеска го завери настапот во париското финале на крајот на месецов, а со тоа дојде до своето десетто финале во ЛШ и КЕШ во историјата.

„Црвените“ со ова десетто финале, а трето во последните пет години, станаа само четвртиот клуб кој успеал во најелитното и најпрестижно натпреварување да дојдат до двоцифрен број на финални мечеви.

Пред нив тоа го има најтрофејниот Реал Мадрид, кој има 16 финалиња од кои 13 евротитули, а италијански Милан и германски Баерн Минхен имаат по 11 финалиња. „Росонерите“ од нив освоија седум круни, а Баварците шест.

Ливерпул ќе се бори за нова европска круна и да дојде на второто место на вечната листа достигнувајќи го Милан, а моментно е трет најтрофеен заедно со Баерн.