Летонија обезбеди пласман во Лига Ц

Репрезентацијата на Летонија и покрај тоа што денеска одигра само 1-1 против Андора на гостински терен во последното коло од Групата 1 во Лигата Д успеа да го осигура првото место, кое и донесе ранг погоре во Лигата на Нации. 

Во истата група Молдавија славеше со 2-0 против Лихтенштајн и заврши на второто место на табелата со 13 бодови, колку и Летонија. Сепак, балтичката земја има подобар меѓусебен скор со Молдавија, односно гостинска победа од 2-4 и пораз дома од 1-2. И гол-разликата е на страна на Летонците, кои имаат +7, додека Молдавците +4.

Андора финишираше како трета во групата со осум бодови, додека најслаб беше Лихтенштајн без ниту еден освоен бод на шест натпревари и само еден постигнат гол.