Атлетико Мадрид круниса една успешна сезона, освојувајќи ја Лига Европа во убедливо финале против Олимпик Марсеј (3-0). Од следната, тимот на Диего Симеоне ќе изгледа нешто поразлично или, барем, нема да има две големи ѕвезди - Фернандо Торес и Антоан Гризман. За првиот веќе се знае дека си оди, за вториот се чека само офцијализација. Торес е легенда на Атлетико, па затоа капитенот Габи покажа голема почит, дозволувајќи му и него да го крене пехарот. Ова е трет трофеј за „јорганџиите“ во лига Европа по 2010 и 2012 година.