„Кралевите“ на колена во Лондон: Челси ќе игра со Сити за трофејот во ЛШ (ВИДЕО)

Челси се избори за финале во Лигата на шампиони (ЛШ), откако вечерва во реваншот во Лондон го совлада Реал Мадрид со 2-0 и така со вкупни 3-1 го елиминираше шпанскиот гигант.

Тимо Вернер на стартот на натпреварот ја затресе мрежата на „кралевите“, но неговиот погодок беше поништен поради недозволена ситуација, сепак Германецот во 28. минута успеа да постигне гол за предност од 1-0.

„Кралевите“ имаа свои шанси преку Карим Бензема, кој не можеше да пронајде решение за расположениот Едуард Менди, кој го чуваше голот на „сините“ и запиша неколку добри интервенции.

Во второто полувреме Челси беше подобар противник на теренот, а имаше три големи шанси, кои не успеаа да ги искористат Канте, Хаверц и Маунт. Сепак, во завршницата од натпреварот Кристијан Пулишиќ му асистираше на младиот Англичанец, кој ја „запечати“ судбината на гостите и ги постави конечните 2-0.

„Сините“ ќе играат ново финале во елитното натпреварување, а овој пат против нивниот голем ривал Манчестер сити, кој во полуфиналето го елиминираше ПСЖ.