Конте: Голот на Фати беше болен - нè уби!

Тренерот на Интер, Антонио Конте очекувано беше разочаран по поразот од Барселона пред своите гледачи и елиминацијата во Лигата на шампионите.

„Нераѕурите“ ќе имаат шанса за „поправен“ во Лигата на Европа, но желбата беше пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите.

„Имавме шанси да го добиеме натпреварот, но ја немавме завршницата“, изјави тренерот на Италијанците. „Немам поплаки, бидејќи моите играчи го дадоа максимумот. Ни недостигаше само еден гол, а на спротивната страна примивме за да загубиме со 2-1, што реално не уби. Гледајќи го голот на Ансу Фати беше навистина болно, нè уби во секоја смисла“, рече Конте.