Фати испиша нова историја во ЛШ со голот против Интер (ВИДЕО)

Ансу Фати е најмладиот стрелец во историјата на Лигата на шампиони откако погоди за победа од 2-1 на Барселона на гостувањето кај Интер. 

Со само 17 години и 40 дена, талентот на Каталонците испиша нови страници во елитното натпреварување. Тој погоди во 87-та минута и со својот гол го елиминираше Интер од пласман во осминафиналето.