Фемили испрати силна порака: Името твое свето, ќе го браниме пред светот (ФОТО)

Македонскиот шампион МЗТ Скопје вечерва го пречека грчки Ираклис во Скопје, а навивачите на екипата од Аеродром истакна транспарент со силна порака.

Навивачката група „Фемили“ постави транспарент со пораката „Името твое свето, ќе го браниме пред светот“.

Ова воедно е враќање на македонскиот шампион на сцената на ФИБА Европа Купот.