Камвинга е свесен каква глупост направи, јавно се извини

Фудбалерот на Реал Мадрид, Едуардо Камвинга се огласи на друштвените мрежи по црвениот картон кој го заработи против Арсенал во Лигата на шампионите.

Ѕвездата на Реал го заврши натпреварот неколку моменти пред последните судиски свиреж кога натпреварот беше одлучен така што ја шутна топката надвор од теренот.

Тоа беше втор жолт картон за Французинот кој по натпреварот е свесен дека направил грешка и се извини на сите фанови.

„Им се ивинувам на сите мадридидсти, преовлада мојата фрустрација на крајот од натпреварот и затоа сакам да се извинам. Мораме да продолжиме да веруваме, ќе ни бидите потребни и во реваншот. Сите заедно! До крај! Хала Мадрид“, објави францускиот фудбалер за врска.

Реваншот во кој Реал ќе се обиде да направи чудо и да се врати по тешкиот пораз се игра во Мадрид на 16 април во 21:00 часот.