
Јашари предизвика хаос веејќи го знамето пред навивачите на најголемиот ривал (ВИДЕО)
Натпреварот се одигра во заедничкиот домашен стадион на двата клуба, „Јан Брејдел“, кој собира околу 30.000 гледачи. Клуб Бриж, кој е второпласиран на табелата и сè уште во игра во Лигата на шампионите, ја оправда фаворитската улога и дојде до сигурна победа. Јашари асистираше за првиот гол, но најконтроверзниот момент се случи по завршувањето на натпреварот. Тој по последниот свиреж зеде знаме во боите на Клуб Бриж и демонстративно го заби во тревникот на центарот на теренот, испраќајќи порака дека „ова е наш дом“. Оваа провокација ги разгневи играчите на Серкл Бриж, кои веднаш реагираа и го нападнаа Јашари, по што настана краток физички конфликт.
Клуб Бриж ја искористи ситуацијата за маркетинг, објавувајќи фотографии и видеа од настанот со опис: „Бриж е сино-црн“. На социјалните мрежи се проширија снимки на кои Јашари, при напуштањето на теренот, демонстративно го бакнува грбот на својот клуб. Со својата борбеност, Швајцарецот со албанско потекло веќе е миленик на навивачите на Клуб Бриж, а со оваа постапка само дополнително го зацврсти својот статус како еден од најпосветените играчи во тимот.