Измамени навивачи на Реал Мадрид: Платиле и останале без билет за финалето!

Шпанскиот медиум „Радио Марка“ објави за скандал пред финалето во Лигата на шампионите во кој биле оштетени 270 навивачи на Реал Мадрид.

Според информациите овие навивачи уплатиле превоз и билет за финалето на „Вембли“ преку одредена агенција, но на крајот целиот аранжман се откажал. Како објаснување за откажувањето на целиот аранжман им било дадено дека се појавил технички проблем.

Навивачите освен што останале без можност во живо на „Вембли“ да навиваат за својот клуб, останале и без пари бидејќи уплатената сума не им била вратена.

Како утеха на дел од фановите им останало да го следат финалето од ложата на „Бернабеу“ каде што исто така ќе се следи финалето.