Историска сезона во ЛШ: Толку хет-трикови немало во историјата (ФОТО)

Групната фаза во Лигата на шампионите заврши синоќа и се комплетираа 16-те учесници во осминафиналето, во кое ќе играат само екипи од „лига петка“, ама оваа сезона во мултимилионската елита ќе се памети по неверојатниот број на – хет-трикови.

Никогаш во историјата немало девет стрелци на хет-трикови, како во оваа, а од деветмината величенствени дури двајца постигнаа по четири гола на еден меч, Серж Гнабри и Роберт Левандовски, двајцата од Баерн Минхен.

Покрај овој двоец со хет-трик се запишаа и чудото од дете Ерлинг Халанд (Ред Бул Салцбург), Милсав Оршиќ (Динамо Загреб), Рахим Стерлинг и Габриел Жесус (Манчестер сити), Килијан Мбапе (ПСЖ), Родриго (Реал Мадрид) и Аркадиуш Милик (Наполи). Тоа што е најинтересно, во групава ги нема двајцата најдобри фудбалери на денешницата, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.