И херојот на Италија го имитираше Роналдо – не сакал кока-кола пред себе (ВИДЕО)

Колкаво е влијанието на Кристијано Роналдо дури и врз колегите професионални фудбалери доволно говори фактот што неговиот потег со поместување на шишенцата кока-кола на прес-конференцијата стана вистинско хит, по што прв го имитираше Пол Погба, но со пивото Хајнекен, а потоа и италијанскиот јунак во триумфот над Швајцарија.

 

 

Мануел Локатели пред да седне и да одговара на прашањата на новинарите исто како Португалецот ги помести шишињата со газираниот сок, ставајќи само вода пред себе. Со тоа сакаше да упати идентична порака како и Роналдо, дека кока-колата е штетна, но ќе остане запаметен само како копија на еден од најдобрите светски фудбалери.

Локатели беше стрелец на два гола во синоќешната убедлива победа на Италија против Швајцарија (3-0).