И грузијски милијардер ќе им дели премија на фудбалерите за историскиот успех!

Покрај редовната премија која ќе ја добијат од нивната фудбалска федерација, грузијските фудбалери ќе бидат наградени и од милјардерот Бидзина Иванишвили.

Фудбалерите на Грузија направија историски успех откако во својот прв настап на Европските првенства ја поминаа групната фаза откако ја совладаа Португалија со 2-0.

Победата го погоди и милијардерот Иванишвили па реши да го одврзе ќесето. Тој објави дека ќе додели 10 милиони евра, награда која фудбалерите ќе си ја поделат меѓусебно.

Дополнително тој соопшти дека доколку ја победат Шпанија и се пласираат во четвртфиналето, ќе им даде уште толку на фудбалерите.

Иванишвили е политичар, бизнисмен и олигарх. Тој една година беше и премиер на Грузија. Неговото богатство се проценува на речиси 5 милијарди долари.