Хрватите во транс: Динамо ја гази Аталанта на „Максимир“ (ВИДЕО)

Динамо Загреб го почна одлично првиот меч во групната фаза од Лигата на шампиони, откако поведе со 2-0 против Аталанта на „Максимир“.

Хрватскиот тим поведе по десет минути игра преку Марин Леовац, а во 31. минута Мислав Орсиќ зголеми на 2-0 со прекрасен удар од работ на казнениот простор на гостите од Италија.