Хорор во Загреб: Претепан навивач на Селтик, докторите се борат за неговиот живот

Вечерва, во шестото коло од Лигата на шампионите, Динамо во Загреб го пречекува Селтик, а натпреварот кој е од големо значење за пласман во следната фаза, имаше лоша увертира.

Синоќа, во центарот на градот, брутално бил претепан еден 38-годишен навивач на шкотскиот тим при што добил тешки телесни повреди и повеќе од десет часа докторите се борат за неговиот живот. Засега нема многу информации за случајот, освен дека се уапсени шест лица и не се прецизира дали за нападот се одговорни Бед Блу Бојс.

Натпреварот меѓу Динамо и Селтик се игра вечерва од 18:45 часот, а шкотскиот првак на Максимир ќе има поддршка од околу 2.000 фанови.