Халанд е машина - има повеќе голови од настапи во ЛШ (ВИДЕО)

Манчестер сити вчера го надигра Слован Братислава со 4-0 за прва победа во Лигата на шампиони (ЛШ), а еден од головите беше дело на норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд.

Халанд игра во неверојатна форма во елитното натпреварување и веќе постигна повеќе голови отколку што има настапи во ЛШ.

Норвешкиот голгетер вчера го запиша неговиот 42. погодок во елитата, иако има вкупно 41 настап со Салцбург, Борусија Дортмунд и Манчестер сити.